Северна Кореја лансираше проектил кон Јапонија

0
246

Северна Кореја лансирала неидентификуван проектил од главниот град Пјонгјанг кој ја надлетал Јапонија, објавија светските медиуми повикувајќи се на извори во Јужна Кореја и во Јапонија.

Заедничкиот штаб на воените сили на Јужна Кореја и на САД во Сеул ја анализира ситуацијата и во прв момент се воздржа од коментар колку далеку отишол проектилот.

Властите во Јапонија изјавија дека ракетата летала над северниот дел од јапонскиот остров Хокаидо и паднала во Пацификот. Нема извештаи за штети врз бродови. Јапонската телевизија ХНК ТВ објави дека ракетата се распаднала на три дела.

Ракетата што вчера беше лансирана од страна на Северна Кореја и прелета преку Јапонија, не претставувала закана за САД, соопшти Пентагон, наведувајќи дека се уште се собираат информации за истрелувањето.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе и американскиот претседател Доналд Трамп договорија во текот на телефонскиот разговор дека ќе извршат поголем притисок врз Северна Кораеја откако одново лансираше ракета којашто го прелета североистокот на Јапонија.

Без коментари