Северна Кореја лансираше уште една ракета над Јапонија

0
187

Северна Кореја лансираше ракета недалеку од Пјонгјанг во правец кон исток, а пролета над северниот дел од Јапонија, пренесоа светските медиуми.  Американската команда на Пацификот соопшти дека станува збор за балистичка ракета со среден дострел.

Jапонскиот јавен сервис НХК објави дека проектилот прелетал над северниот јапонски остров Хокаидо и исчезна во Пацификот околу 2.000 километри источно од Јапонија. Владата на оваа земја соопшти дека нема опасност за луѓето во Јапонија.