Северна Кореја не успеа да лансира ракета

0
277

Северна Кореја се обиде да лансира ракета, но безуспешно, изјави јужнокорејски војник. Проектилот е испален од источниот град Вонсан во 5,20 часот, изјавија од штабот на Јужна Кореја.

– Нашата војска е подготвена за евентуални дополнителни провокации – изјави Јеон Ха-Гју, шефот на јавните работи во Јужна Кореја, за „Журанл сил сајанс“.

Типот на ракетата засега не може да биде со сигурност идентификуван, но се претпоставува дека станува збор за балистички проектил од среден домет Мусудан, објави јужнокорејската агенција „Јонхап“ повикувајќи се на неименувани воени извори.