Северна Кореја објави дека успешно тестирала ракета со среден дострел

0
600

Северна Кореја објави дека успешно тестирала ракета со среден дострел. Ракетата паднала во Јапонско Море откако прелетала 930 километри за 37 минути.

Претседателот на САД Доналд Трамп реагираше на Твитер:

“Можеби Кина ќе преземе сериозни чекори кон Северна Кореја и ќе заврши со овие глупости еднаш за секогаш.”

Трамп со твит исто така се праша дали лидерот на оваа земја Кин Јонг Ун навистина нема ништо друго да прави освен да тестира ракети.

На ракетното тестирање реагираа соседните земји, пред се претседателот на Јужна Кореја, Мун Је-ин.