Северна Кореја подготвува нова проба на ракета со среден дострел

0
298

Секоја таква проба претставува дополнителна шлаканица на меѓународната заедница, откако Советот за безбедност на ОН минатиот викенд го осуди пробното лансирање балистички проектил од подморница, пренесува Танјуг.

Постојните резолуции на ОН и забрануваат на Северна Кореја употреба на каква било технологија за балистички проектили.

Според неидентификувани владини извори на кои се повикува Јонхап, јужнокорејската војска „воочува знаци кои укажуваат дека Северна Кореја ќе истрела проектил Мусудан во блиска иднина. Се верува дека Мусудан има дострел меѓу 2.500 и четири илјади километри и во случај на најнискиот дострел би можел да погоди цели во цела Кореја и Јапонија, а во случај на највисокиот дострел и до американските воени бази на островот Гвам.

Тој проектил се уште никогаш успешно не е тестиран.