Северна Кореја поседува водородна бомба

0
403

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска објави дека Северна Кореја поседува водородна бомба.

– Успеавме да станема голема нуклеарна сила, која е способна да ги заштити независноста и националното достоинство на нашата татковина со напади со нуклеарни и водородни бомби, изјави Ким при посета на модернизирана фабрика за оружје во Пјонгјанг.

Тој при тоа нагласи дека како резултат на геополиитчките односи во регионот на Источна Азија, Северна кКореја е принудена да продолжи активно да ја развива својата воена индустрија.

Како што јави ТАСС, засега нема никаква друга потврда од независен извор или од самата Северна Кореја дека земјата поседува водородна бомба.

Според американски експерти, Северна Кореја најверојатно се подготвува за нови ракетни проби во текот на првиот квартал од 2016 година. Ваквото тврдење се базира на податоци од сателитски снимки, кои укажуваат дека властите во Пјонгјанг врши модернизација на нивниот главен пологон за лансирање ракети.

Северна Кореја тврди дека на тој полигон развива сопствена вселенска програма за научни потреби, но западните земји сметаат дека на таа локација земјата всушнот работи програма за развој на балистички ракети со голем дострел, со што крши неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН.

Без коментари

LEAVE A REPLY