Северна Кореја повторно произведува плутониум

0
209

Северна Кореја повторно почна со производство на плутониумско гориво, соопшти неименуван висок претставник на американскиот Стејт департмент за американските медиуми.

Тоа покажува дека Пјонгјанг планира да продолжи со својата програма за развој на нуклеарното вооружување, спротивно на меѓународните санкции.
Тврдењето од Вашингтон пристигна еден ден откако Меѓународната агенција за атомска енергија објави дека има „индикации“  дека властите во Пјонгјанг ја реактивирале исталацијата за вадење плутониум од потрошеното гориво во Јонгбјону, главниот севернокорејски нуклеарни комплекс.
Последните случувања укажуваат дека Северна Кореја сака да обезбеди сигурно снабдување на материјали за боеви глави, прекршувајќи ги меѓународните санкции кои следеа по четвртиот нуклеарен тест годинава.