Северна Кореја се ближи кон статусот „нуклеарна сила“, Трамп се закани дека Пјонгјанг ќе се соочи со оган и бес

0
379

Доколку Северна Кореја претставува нуклеарна закана ќе се соочи со оган и бес каков што светот никогаш досега не видел, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.

Северна Кореја успешно произведе минијатурна верзија на нуклеарна боева глава, заклучија експерти од САД, објави „Вашингтон пост“.

Како што навеле експертите, таа минијатурна боева глава може да ја собере во ракета, а со тоа Северна Кореја го преминала клучниот праг на патот кон статусот нуклеарна сила.

Американската Одбранбена разузнавачка агенција (ДИА) во новата анализа кон крајот на јули заклучи дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун сега поседува 60 нуклеарни боеви глави, додека некои независни експерти веруваат дека тој број е значително помал.

Односите меѓу САД и Северна Кореја значително се влошија во текот на последните неколку месеци кога Пјонгјанг тестираше неколку балистички ракети, меѓу кои наводно се наоѓаат и ракети кои може да погодат цели во САД.

http://makfax.com.mk

Без коментари