Северна Кореја се заканува со напад на Гуам во следниве денови

0
365

Севернокорејскиот план за напад со четири воени ракети во близина на територијата на островот Гуам би бил спремен за неколку денови – пренесува CNN.

Ракетите би биле истрелани кон исток и преку Јапонија би завршиле на 30 до 40 километри од брегот на малиот остров.

Гуам е на повеќе од 3.000 километри од Северна Кореја. Малиот остров претставува територија која е администирана од САД.

Планот е последната провокација во низа со Вашингтон, откако во вторникот американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Северна Кореја со нуклеарна војна.

http://novatv.mk