Северна Кореја тестирала хидрогенска бомба

0
660

Термонуклеарната или хидрогенска бомба, каква што наводно Северна Кореја тестирала во среда, е развиена по употребата на нуклеарната бомба во Јапонија во Втората светска војна и од неа е многу поразорна.
Првата хидрогенска бомба, која Американците ја тестирале во 1952 година, ослободила енергија што би одговарала на она од 10 мегатонска ТНТ, или околу 1000 пати повеќе од атомската бомба фрлена врз Хирошима.

Во таа нова бомба, два изотопа на водородот се фузирани во хелиум, со што се ослободува толкава енергија.

Во конвенционалното нуклеарно вооружување се користи фисија, раздвојување, а не спојување на јадрото на атомот, што резултира со помала сила на експлозијата.

Една година по Американците и Советите ја пробале својата хидрогенска бомба, со што започна трката во вооружување со ‘супербомби’.

Најмоќната хидрогенска бомба било кога детонирана, беше советската ‘царска бомба’ која во 1961 година ослободи енергија од 50 мегатони ТНТ.

Северна Кореја во среда објави дека во среда наутро спровела успешно тестирање на хидрогенска бомба. Веста за успешното тестирање на хидрогенската бомба севернокорејската телевизија ја објави неколку часа откако агенциите за следење на сеизмичките активности од повеќе земји детектираа потрес со магнитуда од 5,1 степени според Рихтер во близина на севернокорејскиот комплекс за испитување на нуклеарно оружје.

Светските сили го осудија ова тестирање, оценувајќи дека овој потег ја загрозува сигурноста на регионот и претставува кршење на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации. /крај/мф/ст