Северна Кореја веќе има капацитет да ги нападне САД во Пацификот

0
200

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун најави дека по вчерашните ракетни тестирања земјата веќе има „капацитет да ги нападне интересите на САД во Пацификот“, соопшти Ројтерс.

Северна Кореја вчера истрелала две ракети со среден дострел. Првото лансирање било неуспешно. Втората ракета паднала во море, откако прелетаа 400 километри.

– Ние имаме вистински капацитет практично да ги напаѓаме Американците во пацифичкиот оперативен театар, објавил Ким Јонг Ун.

По тој повод, 15 земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН, одржаа консултации зад затворени врати. На влегување на состанокот постојаниот претставник на САД, Саманта Пауер изрази желба да се дојде до брза и едногласна осуда од Советот за безбедност на предизвикот од страна на Пјонгјанг кон меѓународната заедница и кон резолуциите на ОН. Таа посака и зајакнување на санкциите кои беа преземени против Северна Кореја.