Северна Кореја виновна за големиот хакерски напад?

0
276

Една од верзиите за невидениот досега сајбер напад од минатата недела е дека зад неа стојат хакери, поврзани со Северна Кореја.

Експерти за компјутерска безбедност потсетуваат дека зад големиот напад против „Сони пикчрс“ од 2014 година и против банка во Бангладеш две години подоцна стоеја токму хакери поврзани со Пјонгјанг, пренесоа неколку американски медиуми.

Меѓу користениот тогаш софтвер и сегашниот „WannaCry“ вирус се откриени многу слични елементи.

„WannaCry“ хакот, кој за прв пат се појави во петокот, им овозможува на хакерите да криптираат податоци на заразените машини, кои потоа ги држат во заложништво и бараат откуп за околу 300 долари во биткоини. „WannaCry“ досега инфицирал повеќе од 300.000 уреди во повеќе од 150 земји.