Северна Кореја воведува нова временска зона, како симбол на борбата против „злите јапонски империјалисти

0
218

Северна Кореја воведува нова временска зона одбележувајќи го со тоа ослободувањето од Јапонија во Втората светска војна, пренесуваат агенциите.

Пјонгјанг во моментов е во иста временска зона со Јужна Кореја и Јапонија, девет часа пред времето по Гринич (ГМТ).

Но часовниците во таа земја на 15 август ќе се поместат 30 минути наназад, пренесува Би-би-си.

Државната новинска агенција КЦНА објавила дека „лошите јапонски империјалисти ѝ го одзеле на Кореја дури и нејзиното време“, менувајќи го за време на окупацијата.

Целиот Корејски Полуостров, тогаш една земја, бил 8,5 часа пред ГМТ сѐ до јапонската колонизација во 1910 година.

КЦНА го пренела соопштението на властите кои кажале дека новото време ја одразува „непоколебливата верба на народот и војската на 70-годишнината од ослободувањето на Демократската Народна Република Кореја“.