Севернокорејските власти уапсија и протераа новинар на BBC

0
396

Дописникот на BBC Руперт Вингфилд во петокот бил приведен од севернокорејските власти а потоа и протеран од земјата поради своето известување од конгресот на владејачката Работничка партија, пренесуваат светските агенции.

Вингфилд заедно со продуцентката и камерманот бил приведен во петокот кога сите тројца отишле на аеродромот со намера да ја напуштат Северна Кореја.

Новинарот потоа бил испрашуван осум часа, а севернокорејските власти на крајот од испрашувањето го натерале да потпише и изјава. ВВС додава дека раководството на Северна Кореја не било задоволно од извештаите во кои биле нагласени аспектите од животот во севернокорејската престолнина Пјонгјанг.

Без коментари

LEAVE A REPLY