Шахистите на Алкалоид станаа европски прваци

0
378

Шахистите на Алкалоид го освоија Европскиот клупски куп (ЕКК), откако во последното коло одиграа нерешено 3-3 со рускиот тим Легаци Сквер Москва.

Алкалоид оствари историски успех откако стана првата македонска екипа која го освоила ЕКК, најзначајната титула на клупско ниво во европскиот шах.

Алкалоид освои 12 бодови на турнирот кој се одржа во Нови Сад, бод повеќе од руските тимови Медни Всадник и Легаци Сквер Москва.

Титуата на Алкалоид му ја донесооа Кинезот Лирен Динг , Русинот Дмитри Андрејкин, Украинецот Павел Ељанов, Русинот Дмитри Јаковенко, Кинезот Јангуи Ју Украинецот Јури Криворучко и Македонците Трајко Недев и Филип Панчевски.