Шакири постигна евро-гол, но Полска е четвртфиналист

0
657

Фудбалската репрезентација на Полска е првата која избори пласман во четвртфиналето на Европското првенство. Полјаците во првиот осминафинален натпревар на 15-то ЕП, по изведувањето на пенали ја совладаа Швајцарија со 5-4, откако по 120 минути игра резултатот беше 1-1.

Првиот осминафинален меч на ЕП засекогаш ќе се памети по спектакуларниот гол на Шаќири. Крилниот напаѓач на Стоук во 82-та минута, од 16 метри со ножички го совлада Фабијански и во тој момент го израмни резултатот на 1-1.

Претходно Полска имаше водство од 41-та минута кога Блашчиковски постигна гол. Полјаците играа подобро во првото полувреме и таквата игра ја крунисаа со гол, кога Госицки ја измеша одбраната на Швајцарија го проигра Блашиковски кој рутински го совлада Зомер.

Втроиот дел им припадна во целост на Швајцарците, кој во последните 20 минути извршија силем притисок кон голот на Фабијански, откако полските играчи решија да го чуваат минималното водство.

Родригез од слободен удар во 73-та минута беше блиску до постигнување на гол, но неговиот удар Фабијански успеа да го исфрли во корнер. Четири минути подоцна Сеферовиќ ја погоди гредата. За добрата игра Швајцарците беа наградени во 82-та минута кога Шачири го постигна најубавиот гол во досегашниот тек на ЕП и веројатно еден од најубавите во историјата на континеталните првенства.

Првото продолжение донесе претпазлива игра од двете страни без шанси, а во второто Швајцарците беа поактивни, имаа и една шанса, но Дердјук во 112-та минута на успеа да го совлада полскиот голман.

Пеналите ги реши промашувањето на Џака во втората серија. Новиот играч на Арсенал го промаши целиот гол.

Полска со пласманотво четвртфиналетого направи најголемиот успехна големите натпреварувањауште од 1982 година, кога генерацијата на Боњек и Лато на светското првенство во Шпанија го освои третото место.