Шаклевски за гласањето в недела

0
1155

-Сите се сеќаваме дека СДС уште во техничката Влада ги бараше Министерствата за внатрешни работи и за Труд и социјална политика.

И тогаш и сега е повеќе од очигледно дека тие се главните институции преку кои СДС партизирано врши најголем притисок врз граѓаните.

Ако овде уште ги додадеме вработените во РЕК ќе ја добиеме целата комплетна слика на груб и недозволив партиски притисок и  влијание на Заев врз најранливите, незаштитените, уплашените.

Рации, инспекции, упади, полиција на секој чекор, видливо присутни со луѓе и возила, на раскрсници, булевари, на Широк Сокак.

Почитувани Битолчани, немојте да се плашите. Уплашени се и треба да бидат тие, а не вие.

Почитувани Битолчани, немојте да ве поколебаат и да заборавите дека таму, в недела зад параванот вие сте власта и стопанот на овој град и оваа земја и дека вашиот глас е вашето најсилно оружје да се спротиставите на оние кои ве прават да се чувствувате немоќни.

Гласањето в недела нема да биде гласање само за градоначалници и совети, нема да биде ни само за зачувување на иднината на нашата држава.

В недела ќе вие гласате за правда и за враќање на вашето лично достоинство како луѓе, кое ви го исмеваат, понижуваат и газат, изјави Благој Шаклевски, ВМРО-ДПМНЕ.

 

Без коментари