Шаклевски за случајот Смилковско езеро

0
1357

– Заев и Шеќеринска нема што веќе да им понудат на битолчани откако ги нарушија сите принципи кои што ги понудија. Две години ги тераат да разликуваат дека нема правда нема мир, а деновиве видовме што точно мислеа со тоа. Дали е правда политичката одлука за ослободување убијци за случајот кај Смилковско езеро. Дали е мир она низ што поминуваат семејствата на убиените момчиња и случајниот минувач кој што се затекна при случајот. Сите ние сме родители и можеме само да замислиме низ само што минуваат родителите на жртвите. Целата македонска јавност е згрозена. Зоран Заев на овај начин преку дерогирање на правдата со политички одлуки си поигрува и со чувствата на родителите, со чувствата на македонската јавност и со чувствата на сторителите и со многу ризичната тема на поигрување, односно со националните чувства. Заев лани  во Битола вети дека целосно ќе го расветли случајот Смилковско езеро а не дека ќе ги ослободи сторителите со политичка одлука. Во целото ова ниско и грозно нарушување на принципите на нарушување на правдата ние можеме само да сочувствуваме со родителите на убиените деца. Еден од нив по ваквиот чекор рече дека за него од денес Зоран Заев е сторител на убиството, изјави Благој Шаклевски, ВМРО-ДПМНЕ и коалиција

Без коментари