Шампионите за награда ќе играат на „Камп Ноу„

0
193

Долгогодишна традиција во спортското друштво Барселона е кога некоја друга секција освен фудбалската ќе освои европска титула, за награда добива ревијален меѓусебен меч на легендарниот „Камп Ноу„. Лазаров и другарите утре од 17:00 часот, додека Меси и соиграчите во спортскиот центар „Сант Жоан Деспи„ го подготвуваа финалето на Лигата на шампионите во Берлин, ќе играат ревијален меч меѓу себе.

Веќе таков меч оваа сезона одиграа членовите на футсал секцијата кои станаа европски прваци во Лисабон и членовите на хокеј секцијата кои на почетокот од мај станаа владетели на континентот, сега ред е на ракометарите. Веднаш потоа ракометарите и стручниот штаб, заедно со нивните семејства ќе имаат свечена вечера во елитен ресторан во Барселона, како заедничко дружење по големиот успех. Од среда Паксвал започнува да ја подготвува наредната цел, завршниот турнир на Купот на Кралот во Хихон.

Без коментари

LEAVE A REPLY