Шампионските пехари денеска во Битола

0
499

Трите шампиониски пехари од клубските натпреварувања што се во организација на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) – Лигата на Шампиони, Европската лига и Суперкупот, ја продолжија турата низ Македонија.

Денеска на големиот празник Илинден, пехарите можеа да се видат во Битола на игралиштето „Павел Шатев“ од 10.00 до 12.00 часот.

Шампионските пехари попладнево се во Прилеп. На плоштадот „Македонија“ во Скопје трофеите ќе бидат изложени на 7 и 8 август.