Шансите за американски напад на Пјонгјанг се зголемени

0
212

Шансите за американски напад на Северна Кореја во последните 48 часа се зголемени, откако министерот за одбрана Џим Матис остро реагираше на нуклеарната проба на Пјонгјанг, оценува британскиот магазин Форин полиси.

После најновата нуклеарна проба на Пјонгјанг, Белата куќа најави дека на секоја закана за американската или за териториите на американските сојузници ќе дојде до масовен воен одговор.

-Имав телефонски разговор со претседателот Доналд Трамп и со претседателот на Русија Владимир Путин вчера и со претседателот на Јужна Кореја. Се согласивме дека е потребна тесна соработка со целата  меѓународна заедница, изјави премиерот на Јапонија Шинзо Абе.

Јужнокорејските медиуми јавуваат дека јужнокорејската војска верува оти Северна Кореја е подготвена да лансира нова балистичка ракета, најверојатно интерконтинентална.

Кина по состанокот на кинескиот и рускиот претседател Си и Путин во Пекинг, ја предупреди Северна Кореја да не продолжува со плановите за нова проба на балистичка ракета.

Исто така Кина, заканата од Трамп дека ќе ја прекине трговијата со сите земји кои соработуваат со Северна Кореја ја оцени како неприфатлива и неправедна.

http://novatv.mk

Без коментари