Шарапова елиминирана од Ролан Гарос

0
138

Бранителката на титулата на Ролан Гарос, Марија Шарапова, настап на годинешното издание на турнирот го заврши во осминафиналето. Руската тенисерка меѓу гледачите ја испрати Луси Шафарова која со победата го направи најголемото изненадување во досегашниот дел од турнирот.

Чешката тенисерка, која на ВТА листата се наоѓа на 13-та позиција, одигра брилијантен меч и за нешто помалку од два часа славеше со 7:6, 6:4.

За пласман во полуфиналето на Ролан Гарос, Шафарова ќе игра против Шпанката Гарбиња Мугуруса која во два сета славеше над Италијанката Флавија Пенета (6:3, 6:4).