Шарена револуција во Скопје

0
2027

Силно полициско обезбедување не дозволи никаков пристап кон Собранието, целиот строг центар на Скопје е блокиран, па толпата од движењето „Протестирам“  повторно на просторот пред Владата.

Во име на т.н. „Шарената револуција“ кофа со боја заврши на улицата и тротоарот, а боја беше фрлана и кон самиот владин објект, како револт на проектот „Скопје 2014“. Поголем дел од фрлената боја заврши во оградата, но се забележува и по некоја шарена флека и на рефасадираното бело барокно здание.

Snap 2016-04-22 at 00.37.37

Во меѓувреме, некаде со спреј се бојат и пешачки премини, се оставаат пораки и белези по тротоари, отисоци од дланки… Се слушаат и слогани „Лопови“, „Нема правда, нема мир“, „Слобода“…

Барањата на граѓаните остануваат исти – итно повлекување одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага од СЈО. „Протестирам“ бараат неотповиклива оставка од претседателот Ѓорге Иванов, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО, да се формира специјално одделение на Кривичниот суд.

Исто така, движењето бара формирање на преодна влада која докрај би ги имплементирала итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и итно повлекување на одлуката за одржување избори на 5 јуни.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY