Шарената револуција најави нов протест за утре во Скопје

0
718

Демонстрантите од граѓанската иницијатива #Протестирам кои се дел од таканаречената Шарена револуција најавија протест за утре поради неисполнувањето на нивните ултимативни барања. На социјалните мрежи се повикува на масовност под паролата „Ние не простуваме!Ќе има правда, ќе има мир.“ Во најавата е наведено дека нема да дозволат преговори за иднината на граѓаните зад затворени врати и дека се лути и гневни на политичките елити што предолго ги држат граѓаните во статус кво со неуспешни и нетранспарентни преговори без учество на граѓаните.

А вечерва во Скопје активистот Павле Богоевски, еден од најактивните на протестите на Шарената револуција е приведен од полицијата во обид да биде дел од герила акција за време на прославата на ВМРО-ДМНЕ, потврди за НОВА еден од активистите кои биле дел од акцијата, Замир Мехмети.

Според Мехмети, активистите од Шарената Револуција се обиделе да направат мирна герила акција во која ќе спуштат платно од Камениот мост, за време на партиската прослава на ВМРО-ДПМНЕ, но полицијата ги спречила и без никакво предупредување го привела Богоевски.