„Шарли Ебдо“ ги разлути Шпанците

0
200

Карикатуристите на францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“, кој пред пет месеци беше мета на напад на исламски терористи, ги разлутија сите во Тениската федерација на Шпанија.

Имено, на насловната страница на весникот е прикажан тенисер со ’напумпани’ мускули и неколу забодени шприцеви, што алудира на допинг.

Алузијата на карикатурата е Рафа Надал, кој во минатото во француските медиуми често пати бил обвинуван дека користи допинг, иако тенисерот на карикатурата воопшто не личи на Надал.

„Насловната страна на ’Шарли Ебдо’ е напад врз интегритетот на тенисот. Ние го поддржуваме Рафа Надал и не само него, туку и сите наши други тенисери. Дека стоиме зад нашите тенисери покажвме со жестокиот протест поради емисијата „Les Guingols de l`info“  на Kanal+, бидејќи сметаме дека такви навреди не треба да минат неказнето“, се вели во соопштението на Тениската федерација на Шпанија. крај/мф/нц

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax