Шарли ебдо го прикажа Макрон како кученце што го гризе Путин

0
304

Сатиричниот весник Шарли ебдо објави карикатура од средбата на претседателот на Русија Владимир Путин и неговиот француски колега Емануел Макрон, кого го прикажа како мало и луто кученце.

Разговорот меѓу двајцата лидери се одржа во понеделникот во Версај.

На насловната страница со насловот „Макрон го прими Путин“, на најновиот број на весникот, прикажан е формално облечениот руски претседател, чија рака ја гризе кученце со главата на Макрон.

„На место!“, му вика Путин на црвеноокото суштество.

Шарли ебдо редовно објавува провокативни карикатури кои илустрираат разни настани. Светското внимение малиот весник го привлече по низата терористички напади во јануари 2015, кога редакцијата беше нападнати од исламисти.

www.mkd.mk