Шефот на норвешката дипломатија во Македонија

0
177

Министерот за надворешни работи на Норвешка Борге Бренде во рамките на денешната официјална посета на Македонија ќе разговара со Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Притоа ќе стане збор за односите мешу двете земји и за поддршката и помошта на Норвешка за што поскоро зачленување во евроаталантските структури. Норвешкиот министер ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов, од премиерот Зоран Заев, а ќе има и средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.