Шеќеринска, Кирацоски, Тунтев, Ковачевски во петката

0
788

СДСМ на 21 Конгрес во хотелот Александар Палас во Скопје ги објави пратеничките листи за изборите на 11 декември оваа година.

Поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски е носител на првата изборна единица, а потоа на листата следуваат Рената Дескоска, Дамјан Манчевски и Стефан Богоев. На оваа листа се двајца непартиски кандидати: Павле Богоевски од Шарената револуција кој е на петотто место и Ивана Туфегџиќ на деветтото.

Во втората изборна единица носител е актуелниот министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Потоа следуваат Фросина Ремеснки и Мухамед Зекири. На петтото место на оваа листа е предложен професорот Ферид Мухиќ.

Во третата изборна единица, покрај носителот Љупчо Николовски кој е дополнителен заменик министер за земјоделство, се и Благој Бочварски и Јагода Шахпаска.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев е на чело на четвртата изборна единица, а зад него се неговите сопартијци Хари Локвенец и Катерина Кузмановска.

Во петтата изборна единица носител е потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска која е во друштво со Александар Кирацоски, Томислав Тунтев и Васко Ковачевски. Овде Ирена Стефковска е предложена како непартиска кандидатка.

Во шестата изборна единица предводник е портпаролот на партијата Петре Шилегов. На второто место е Ѓулумсер Касапи како непартиски кандидат, а следуваат Благојче Трпески и Даријан Сотировски.

На листите на СДСМ предвидени се и колациските партнери на партијата.

Без коментари

LEAVE A REPLY