Шеќеринска со поддршка за Петровска

0
1196

-На претходните избори Битола го одлучи победникот. Убедена сум дека на овие локални избори Битола ќе одлучи повторно да даде шанса за живот во Битола за живот во Македонија. Како влада ќе даваме поддршка на секоја општина, која работи вредно и упорно да ги решава проблемите на граѓаните. Убедена сум по овие локални избори, после долго време Битола ќе биде таква општина. Општина која гради со план, општина која дава приуритет на главните проблеми а не на потребите на неколкумина моќници. Затоа нашата поддршка ќе ја има и општината Битола, нашата општина ќе ја има Наташа за градоначалник, затоа што сум убедена дека таа  ја добива довербата на граѓаните и гласачите од Битола, изјави Радмила Шеќеринска, министер за одбрана на Р.Македонија.