Шеќеринска во Битола: Како младите да останат во Македонија

0
559

-Денеска сме во Битола да зборуваме за нашиот План за живот во Македонија. Целта на овој План се нашите млади, младите од Република Македонија се повеќе да одлучуваат да останат дома. Тука да најдат работа, тука да започнат семеен бизнис, тука да формираат семејство, а не да заминуваат во странство.

Дополнително, ќе постои можност да се формираат фирми со само едно евро почетен капитал, да не им правиме на младите дополнителен проблем на оние млади кои немаат капитал, а имаат идеја. Да не им правиме дополнителен проблем со којшто ќе ги обесхрабриме да започнат нешто свое.

Во нашиот План за живот во Македонија вклучуваме и некои европски искуства, затоа планираме да ја воведеме европската младинска гаранција којашто ќе значи дека секој млад човек ќе добие шанса, или да продолжи со своето образование или да добие дополнителна обука и тренинг или да добие шанса за прво вработување. На тој начин голем дел од европските земји ја намалија бројката на млади невработени.

Дополнително сакаме да помогнеме и на студентите во Македонија, затоа во нашиот План за живот во Македонија воведувме студентска легитимација со која тие ќе можат да добијат попусти во студентските центри, во меѓуградаскиот превоз којшто им е сериозен проблем и сериозен трошок, и сите други услуги што ќе ги направат за нивното студирање да биде поуспешно и полесно, изјави Радмила Шеќеринска, потпретседател на СДСМ