Шеќеринска за проблемите на граѓаните

0
325

-Во последниве три дена бевме во три различни општини низ изборната единица 5 и како влегувавме во различни куќи, семејства, станови секаде ја слушавме истата приказна, истата мака.

Во секое семејство барем еден член веќе беше заминат од Република Македонија, најголемиот дел од нив заминале затоа што не можеле да најдат работа, но исто така и голем дел од нив заминале заради тоа што работата во Република Македонија, нудела плата, и им носела дома плата со којашто не можеле да ја прехранат, ниту да го создадат своето семејство.

Груевски и ВМРО ДПМНЕ имаа 10 години да го променат ова. Имаа 10 години да обезбедат пристоен живот за младите, за сите граѓани во Република Македонија. Наместо, тоа тие избраа да ја градат најголемата партиска зграда на Балканот, наместо тоа тие избраа да ја направат најбогатата партија во Европа, злоупотребувајќи ги парите на граѓаните и крадејќи ги парите од буџетот.

Затоа на 11 декември граѓаните на Република Македонија и на изборната единица 5 носат одлука дали ќе продолжат со овој живот како до сега, дали ќе продолжат со ваквото владеење, или ќе дадат шанса за живот во Македонија, за подобар живот, за повисоки плати, за повеќе работни места.

Во нашиот План за Живот во Македонија планираме просечната плата во нашата држава да порасне до 30.000 денари, за да понудиме шанса на голем дел, најголем дел македонски семејства да можат, и да ги платат сметките и да ги растат во нормални услови и да ги обезбедат сите главни продукти за нормален живот.

Тоа ќе го постигнеме на тој начин што ќе ги зголемиме минималната плата на 16.000 денари, и што ќе ги поддржиме домашните фимри со 140 милиони евра, за да создаваат работни места, меѓутоа и за да обезбедуваат пристојни плати.

На 11 декември гласаме за бројот 4, гласаме за промени и за живот во Македонија, изјави Радмила Шеќеринска носител на листа во ИЕ5

Без коментари

LEAVE A REPLY