Шенсои и Пелистер го раскинаа договорот, деновиве ќе биде назначен наследникот

0
1151

Наџи Шенсои не е повеќе тренер на Пелистер, а разделбата е со договор меѓу двете страни.Шефот на стручниот штаб што му ја донесе куп-титулата на Пелистер по 16 години пауза си заминува од Битола.

Шенсои беше прв човек во стручниот штаб на „зелените“ нешто помалку од една година, а успеа да го доведе клубот до една титула, таа во националниот куп. Но, лошиот резултат против Лех, кој во два меча го декласира Пелистер со вкупни 7-0 веројатно си го стори своето.

До понеделник битолчани ќе именуваат нов шеф на стручниот штаб на местото на Шенсои.