Шер им пресуди на Албанците во Бордо за прва швајцарска радост

0
470

Во средбата од првото коло на Европското фудбалско првенство во Франција, во Ленс репрезентацијата на Швајцарија во неуверлива игра ја совлада Албанија минимално со 1-0, со раниот гол на Шер.

Единствениот гол за Швајцарците го постигна Фабијан Шер веќе во 5 минута, а Албанците од 37 минута играа без исклучениот капитен Лорик Цана, што се чини беа двата момента кои ја направија разликата.

Албанија во својот прв историски настап на едно од големите меѓународни натпреварувања доживеа пораз од неуверливата селекција на Швајцарија. Иако поведоа рано, и дури 53 минути имаа играч повеќе, швајцарските фудбалери забележаа само минимална победа над дебитантите на европските шампионатите, кои во последните минути имаа и голема шанса да го избегнат поразот.

Во оваа група на отворањето на турнирот Франција во петокот вечерта ја совлада Романија со 2-1, а во 2-то коло се среќаваат Романија – Швајцарија и Франција – Албанија.