“Шербет Љубојна”наскоро и пред скопјани

0
376

Македонската музичка сензација „Љубојна“, заедно со виртуозите Влатко Стефановски на гитара, Исмаил Лумановски на кларинет и Џамбо Агушев на труба, на 17 декември во арената „Борис Трајковски“ ќе одржат предновогодишен концерт.

На овој концерт „Љубојна“ ќе го промовира седмиот студиски албум „Шербет Љубојна“, а ќе ги изведат и песните од нивните претходни музички проекти „Музика на дланка“ и „Песна за мојата песна“

Концертите на „Љубојна“ последните неколку години станаа традиција на предновогодишно собирање и славење на радоста и музиката на овој музички состав.