Шербет Љубојна за затворање на јубилејното издание на Илинденски денови

0
782

Јубилејното 45 -то издание на републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови”, оваа година ќе се одржи од 28- ми јули до 1- ви август.

Во Битола ќе настапат над 1.000 учесници од 30 ансамбли и културно уметнички друштва од Македонија и три атрактивни ансамбли од Полска, Хрватска и Италија. Во придружните манифестации се Оро на Широк Сокак, Ехо од дамарите, а интернационалната вечер ќе се одржи на плоштадот Магнолија. Свеченото затворање на фестивалот годинава е доделено на групата „Љубојна” чиј спектакуларен концерт ќе биде посветен на богатата чалгиска традиција и ќе се одржи во античкиот театар на археолошкиот локалитет Хераклеа.

Концертот е со наслов Шербет Љубојна и е заедно со Исмаил Лумановски.

– Ова ќе биде средба на виртуози со убав чалгиски звук-истакна Вера Милошевска на денешната прес конференција.

После концертот во Хераклеа, Љубојна и Исмаил ќе работат на снимањето на албумот.

Концертот ќе биде посветен на градската чалгиска музика со многу инструменталисти на сцена и придружни вокали.

Истиот ќе се одржи на 1 -ви август во античкиот локалитет Хераклеа со почеток од 21 часот.