Шест лица сé уште се водат за исчезнати по поплавите во Грција

0
271

Шест лица сè уште се водат исчезнати по поплавите што ја погодија Грција, а во кои загинаа 16 лица.

Сè уште не е направена целосна процена на материјалната штета, а владата во земјата нема пристап да им обезбеди хуманитарна помош, вклучувајќи храна и лекови на дел од настраданите.

Градоначалникот на градот Мандра, кој е еден од најпогодените градови, изјави дека речиси две илјади згради биле уништени.

Веќе трет ден приближно илјада вработени на противпожарната служба расчистуваат по природната катастрофа.