Шест лица загинаа во експлозија во руски рудник

0
402

Најмалку четворица рудари ги загубија животите, а 26 се сметаат за исчезнати во петокот, според најновите податоци на локалните власти по експлозијата на метан во јагленокопот „Севернаја“ во Кома.

„Судбината на 26 рудари сé уште е непозната, а четири лица загинаа“, изјави портпаролот на истражниот комитет, Владимир Маркин. Во моментот на несреќата во рудникот имало 110 рудари, додал.

Експлозијата на метан предизвикала во четвртокот ноќта според средноевропско време лизгање на земјиштето и пожар во рудникот „Севернаја“, кој спасувачите не успеала да го изгаснат, изјавил за агенцијата РИА, Денис Пајкин, техничкиот директор на компанијата „Воркутаугол“ која стопанисува со рудникот, на повеќе од 100 киломе
три северно од поларниот круг, во републиката Кома (Далечен север).

Претходно компанијата „Воркутаугол“ потврди за двајца загинати и 28 исчезнати, а нејзиниот главен директор Вадим Шаблаков изјави дека спасувачките правата „се што е можно да што поскоро да ги евакуираат рударите од рудникот“.

Позната по своите екстремни климатски услови, Воркута, речиси 2.000 километри североисточно од руската престолнина Москва, своевремено била гулаг со илјадници затвореници кои работеле во рудникот. По затворањето на гулагот во 1950-те години, продолжена е експлоатацијата на рудникот./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY