Шест месеци пауза за голманот на Валенсија

0
150

Голманот на Валенсија, Диего Алвес, шест месеци ќе отсуствува од фудбалските терени поради повреда на коленото, соопшти клубот. Алвес во саботата на мечот во Алмерија ги скинал лигаментите на коленото.

Бразилскиот голман ќе мора да биде опериран поради што нема да биде дел од репрезентацијата на Бразил на Копа Америка.

Диего Алвес е член на Валенсија од 2011 година, тој има одиграно 127 натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Претходно Алвес бранел за Атлетико Минеиро и Алмерија, а за бразилскиот национален тим настапил на осум средби.

Валенсија сезоната ја заврши на четвртото место во Примера, со што избори пласман во квалификациите во Лигата на шампионите