Шест студиски програми за идните бруцоши на Педагошки факултет

0
1945

Покрај двете нови студиски програми социјална и рехабилитациска педагогија и преведување од англиски на македонски и од македонски на англиски јазик идните студенти ќе можат да одберат уште 4 студиски програми на Педагошки факултет. По пауза од три години, за годинава повторно активна студиската програма воспитувач, програма за едуцирање на кадри за потребите во детските градинки

-Оваа академска година ќе запишуваме студенти на 6 студиски програма .Станува збор за студиските програми: наставник за одделенска настава, воспитувач, социјална и рехабилитациска педагогија, англиски јазик и книжевност, преведување од англиски на македонски и од македонски на англиски јазик , и имаме една заедничка програма со Техничкиот факултет во Битола информатика и техничко образование.Потребни документи кои што студентите треба да ги поседуваат се :пријава за запишување, оргинални сведителства за завршено средно образование, документ за положена државна матура или за положен завршен испит, извод од матична книга на родените и доказ за државјанство на Р.Македонија, изјави проф. д-р Валентина Гулевска, декан на Педагошки факултет во Битола

И годинава очекуваат голем интерес за студиската програма по англиски јазик и книжевност , вели Гулевска

Вкупниот планиран број за запишување на нови студенти на Педагошкиот факултет е 125. Првиот уписен рок за идните бруцоши е на 15, 16 , 17 август.