Шеста титула за Рутенка, трета за Карабатиќ, Виран Морос и Томас

0
104

Нашиот Лазаров, Сигурдсон, младиот Арињо и тунижанецот Жалуз се приклучија кон групата од 12 ракометари на Барселона кои веќе во минатато ја освојувале Лигата на шампионите. Така Сергеј Рутенка кој не играше во финалето заради повреда и имаше скромен учинок на завршниот турнир, дојде до шестата европска титула и се доближи на само една од големите асови на Барселона од минатото, Шчепник и О Калахан. Никола Карабатиќ, Виран Мирос и Виктор Томас по трет пат ја подигнаа титулата од Лигата на шампионите, а Томас и во буквална смисла на зборот, бидејќи две од трите титули токму тој прв го подигна шампионскиот пехар како капитен