Шестмина Чеси повредени по неколку истрели врз автобус во Франција

0
699
Чешки автобус, кој се враќал од Шпанија, доцна синоќа бил погоден од неколку куршуми додека се движел во јужна Франција во близина на градот Монтелимар, пренесоа чешките медиуми.
Во инцидентот од парчињата стакло биле повредени шест од вкупно 70 лица кои патувале во автобусот.
Причината за пукањето не е позната, но и во минатото француската полиција неколку пати испитуваше случаи во кои непознати сторители на автопатиштата фрлаат камења и други предмети врз автомобили во движење.