Шестмина полицајци ранети во експлозија на автомобил бомба во Каиро

0
270

Најмалку шестмина египетски полицајци се ранети во текот на изминатата ноќ во експлозија на автомобил бомба пред нивна станица во Каиро, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на соопштение на Министерството за внатрешни работи.

Цел на атентатот била зградата на Државната безбедност во северен кварт на престолнината, во која била сместена една од египетските полициски служби. Зградата е делумно разурната.

„Непознато лице одеднаш го запре автомобилот пред зградата, излезе од него и се качи на моторцикл, по што избега, а автомобилот експлодира“, пишува во коминикето на министерството.

До овој момент никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Групата „Провинција Синај“ (претходно Ансар Беит ал Макдис), египетска ќелија на Исламска држава, редовно си ги припишува заслугите за нападите врз полицајците и војниците, особено по соборувањето од власта во 2013 година на претседателот исламист Мохамед Морси и крвавите репресии што следеа врз неговите приврзаници.