Шестмина загинати во експлозијата во Дијарбекир

0
255

Четворица турски полицајци и двајца цивили од кои едно дете смртнонастрадалево експлозија на автомобил бомба во понеделникот во југоисточната турска мнозински курдска покраина Дијарбекир, објавија властите.

Претходно властите потврдија една жртва и единаесет ранети во експлозијата се случила на патот меѓу градовите Чинар и Бисмил.

Во нападот за кој одговорноста ѝ се припишува на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) во која цел била полициска регионална контролна станица на автопатот кој ги поврзува градовите Дијарбекир и Батман повредени се уште 21 лице, од кои шестмина се полицајци.

Сите повредени биле пренесени во блиските болници.

Експлозијата притоа направила кратер длабок пет метри, а полицискиот објект е речиси уништен. Сообраќајот во овој дел од покраината поради тоа е затворен.

Истовремено турските безбедносни сили водат операција во регионот во потрага по милитантите одговорни за овој напад./крај/мф/сн