Шиков поради повреда ја пропушта Словачка

0
164

Македонскиот репрезентативец Ванче Шиков поради повреда на градниот мускул нема да биде во комбинација за настап во натпреварот против Словачка на 14. јуни во Жилина.

Еден од најискусните дефанзивци во националниот тим индивидуално тренирал во првата фаза од подготвителниот период, а по вечерниот тренинг во понеделникот, било јасно дека повредата и болката во градниот мускул му создава проблеми и дека тој нема да може да игра против Словаците.

Инаку, новиот селектор, Љубинко Друловиќ, од вторник на располагање ќе  ги има сите фудбалери, откако на репрезентацијата ќе и се приклучи и Ферхан Хасани.

Макеоднија ќе и гостува на Словачка во Жилина на 14.јуни, во рамките на лвалификациите за пласман на ЕП, мечот ќе започне во 20.45 часот.