Шиндре: Не одобрувам педофилија, колумната беше погрешно разбрана

0
2573

Авторот на контроверзната колумна „Сексуалноста над рационалноста“, Никола Шиндре, за Макфакс вели дека неговата колумна била погрешно разбрана, лошо интерпретирана и дека тој во ниту еден момент не оправдува ниту поддржува педофилија.

Тој им се извинува на сите кои на некој начин помислиле дека ја релативизира педофилијата.

Шиндре вели дека е изолиран од јавноста и не излегува од дома поради тоа што и изложен на силни притисоци и закани од поединци, но и од политичари, заради што го затворил и неговиот профил на Фејсбук.