Широк сокак подготвен за Белата ноќ

0
10239

Традиционално, по 6-ти пат и оваа година, во Битола на Широк сокак ќе се одржи настанот„Широк сокак во бело“.  Широк сокак е веќе подготвен за вечерашната голема журка.

14159074_10153902388898106_1583363903_n

Главни ѕвезди на вечерта се  романските техно-хаус артисти Том Боксер и Морена, познати по хитовите „Morena“, „Deep In Love и многу други.

Пред нив атмосферата ќе ја загреваат ДЈ. Рикардо Хернандес, Дј. Сашо Спект и ДЈ. Андреј Ѓошев.

14111562_10153902388918106_297767388_n

Во изминатите изданија на фестивалот настапиле Кирил Џајковски, Џуниор Џек, Хрнан Катанео, Дејвид Моралес, Том Нови и уште бројни македонски имиња.