Школски прибор за децата од социјално загрозените семејства

0
738

Трета година по ред училиштето Кирил и Методиј организира хуманитарни акции на почетокот на школската година. Овај пат учениците , секој онолку колку може и сака, донираше школски прибор, како тетратки, моливи, пенкала, гуми и ред други работи .

Учениците задоволни од акцијата бидејќи ќе им помогнеле на нивните сооученици кои што доаѓаат од социјално загрозени семејства.

Директорката на ова училиште Лили Бошевска вели дека со ваквите хуманитарни акции децата од најмала возраст ја учат вредноста на хуманоста

Донацијата ќе биде предадена во текот на утрешниот ден.