Шо ми прајте бе во дворо?Серија на уметнички настани

0
253

Шо ми прајте бе во дворо? е серија од настани кои произлегоа од неколкумесечната работа во рамките на проектот „Мобилна култура – солидарни граѓани” и концептот на прoграмата на овогодинешното издание на АКТО 10 фестивалот за современа уметност. Зошто во дворот? Оваа серија на настани е продолжение на програмските активности во рамки на Мобилна/монтажна галерија на ЦСУ (Центарот за современи уметности од Скопје) која беше поставена во Битола за време на АКТО 10, а се заокружи со Изложба„Спорни места” на Оливер Мусовиќ и Гвијанг Хванг.filip2

Шо ми прајте бе во дворо? е локален битолски израз кој има значење кое симболично ја потенцира приватната сопственост на одреден простор/место и ја доведува во врска со значењето и начините на користење на јавен простор за изведба на уметнички настани на граѓани.
Мусовиќ се претстави со 2 дела од серијата Соседи.
На оваа изложба претходеа повеќе настани меѓу кои-Самостојна изложба на Елена Ѓоргиевска, групна изложба на фотографии на
Вера Христовска, Маџит Бајрамов, Александар Буневски, Марија Петровска, Весна Тирицовска, Кети Талевска, Симона Калица, дискусијата-Улогата на уметникот, културниот и физичкиот работник во време на револуција, проекција на филмови од академијата за мултимедија во Љубљана, Универзитет во Нова Горица, Висока школа за уметност, Уметничка акција „На Битола со љубов, одново“, Ѓорѓе Јовановиќ .
Настанот беше во организација на здружението за култура и уметност Факултет за работи што не се учат како дел од програмските активности на АКТО фестивалот за современа уметност во рамки на Мобилната/ монтажна галерија на ЦСУ како партнери на настанот.