Шок-бомба одекна во Собранието

0
1296

Шок-бомба одекна во Собранието, по што дел од граѓаните кои беа внатре почнаа да се разбегуваат. Набргу се појавија и група граѓани кои на раце изнесуваа еден повреден, а зад нив одеше уште еден маж со раскрвавена глава.

На Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (Градска болница) вечерва се примени осум лица, сите цивили. Седум лица се со повреди на главата, а едно со повреда на коленото.

Во Ургентниот центар и во Градската општа болница „8 Септември“ вечерва не е донесен ниту еден повреден, изјавија од тие две јавни здравствени установи.