Шок во Хаг-пишуваат хрватските медиуми за ослободувањето на Шешељ

0
477

„ Шок во Хаг, Воислав Шешељ е слободен човек“ пишува Јутарни.

„ Не е виновен. Хашкиот суд го ослободи Воислав Шешељ“ пишува Индекс.

Процесот против Шешељ траеше 175 ефективни судски денови. Обвинителството изведе 89 сведоци. Судскиот совет повика 10 сведоци, додека Шешељ одби да повика свои сведоци.

„Спиев како бебе, бидејќи совеста ми е целосно чиста. Свеж сум како роса, што ќе се види и денеска на конференцијата“, напиша утрово Шешељ на Твитер.

Пресудата на Шешељ се изрекува во отсуство на обвинетиот, кој во Белград ја чека пресудата.

Обвинителството во завршниот збор побара Шешељ да биде осуден на 28 години затаор, додека Шешељ побара ослободителна пресуда.